Македонската фудбалска репрезентација го освои 3.место на меѓународниот турнир во Италија. Во малото финале нашите млади надежи беа подобри од репрезентацијата на Албанија. Конечниот резултат гласеше 1:0.
На целокупниот турнир одигравме три натпревари, на кои остваривме два порази и една победа. На сите три натпревари во стартниот состав се најде стоперот на Вардар, Марко Стојилевски, додека Никола Величковск влегуваше во игра во вториот дел од натпреварите.
Првото место и припадна на Русија која во финалниот дуел убедливо ја победи и надигра селекцијата на Словенија, со конечни 4:0.