Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Марио Младеновски: Се придржувавме на советите што ни ги даваше тренерот и заслужено победивме
Марио Младеновски: Се придржувавме на советите што ни ги даваше тренерот и заслужено победивме

Марио Младеновски: Се придржувавме на советите што ни ги даваше тренерот и заслужено победивме

Минимална победа за кадетите на ФК Вардар, во рамките на четвртото првенствено коло. Избраниците на Влатко Колев во дербито ја победија екипата на А.Пандев, минимално со резултат 1:0. Стрелец на единствениот гол вреден три бода беше Милан Благојевиќ. Во составот на Вардар, на овој натпревар беше и новото засилување, Марио Младеновски кој летово пристигна од екипата на Металург. За нашиот сајт Марио ги сподели впечатоците од овој важен триумф.

-За натпреварот против Академија Пандев сите бевме подготвени да дадеме максимум од себе, за да постигнеме позитивен резултат. Одигравме борбено, се придржувавме на советите што ни ги даваше тренерот и издвоивме победа со резултат 1:0. Секогаш може подобро, но и покрај тоа што противникот ни пружи силен отпор успеавме да победиме. Од Металург дојдов од Вардар-клуб со голема историја и најтрофеен во Македонија. Ме примија многу добро, одлично се вклопив во екипата и затоа голема благодарност до моите соиграчи за доброто гостопримство. Оваа сезона ние кадетите ќе се бориме со сите сили да ја освоиме двојната круна.

Звонко Ивановски