Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > (Видео) Од победите на младинците и кадетите на ФК Вардар
(Видео) Од победите на младинците и кадетите на ФК Вардар

(Видео) Од победите на младинците и кадетите на ФК Вардар

Oвој викенд младите категории на Фудбалскиот клуб Вардар играа натпревари против шкупи. Иако поради репрезентативни настапи свои натпревари одиграа само младинците и кадетите на Вардар тие се погрижија за уште еден одличен викенд. Младинците на ФК Вардар на гостувањето против шкупи обезбедија три бода со победа од 1-0, со што останаа на првата позиција на табелата во младинската лига. Стрелец на единствениот погодок беше Стефан Тасески.

Кадетите на ФК Вардар беа убедливи овој викенд против врсниците на шкупи исто така на гости. Кадетите на ФК Вардар продолжуваат да редат победи оваа пролет. Следен на менито беше шкупи, овој натпревар нашите момци го добија со резултат 4-1. Дејан Маркоски беше стрелец на два гола, додека еден беа дело на Никола Серафимов и Дамјан Менкиноски. Погледнете ги головите од овие два натпревари.