Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар го победија Работнички, во дербито на 4.првенствено коло
Младинците на ФК Вардар го победија Работнички, во дербито на 4.првенствено коло

Младинците на ФК Вардар го победија Работнички, во дербито на 4.првенствено коло

Младинците на ФК Вардар успеаа да слават во рамките на 4. првенствено коло, откако го добија дербито против екипата на Работнички. Мечот се одигра на теренот во населбата Јане Сандански и заврши со триумф на црвено-црните со резултат 2:1.

u0 u2

Тренерот Андовски стартуваше со следниве 11-сетмина: М.Велковски, Радевски, Петковски, Младеновски, Антовски, Адем, Димоски,Д.Велковски, Реџепи, Бериша, Ибиши.

Во првото полувреме видовме три погодоци, за предност на Вардар од 2:1. И двата тима ги искористија шансите за голови, па освоен погодоците не видовме друга посериозна прилика за погодок. Откако направи пропусти последната дефанзивна линија на Работнички, избраниците на Ане Андовски успеваат да го отворат резултатот и да поведат со 1:0, откако присебен беше Џемал Ибиши, кој со лоб удар ја тресе противничката мрежа за предност.

u3

Поради повреда теренот го напушти Али Адем, додека на негово место е Александар Младеновски. Уште едно невнимание во одбраната го чинеше гостинскиот тим негатива од 2:0, кога Ибиши дојде до топата, асистираше до Велковски Давид кој  од прва бие во противничката мрежа, за зголемување на резултатот. До крајот на првото полувреме, Работнички успева да постигне гол и да го намали резултатот на 2:1, откако на нафрлена топка од десната страна, во нашиот шеснаесетник од прва биеше еден од играчите на Работнички. На одмор од десеттина минути се замина со реултат 2:1.

u4

Втора измена во редовите на Вардар, од игра излезе Антовски, на негово место е Марко Тасев. Гостинската екипа имаше можност да стигне до израмнување, но за наша среќа топката заврши во пречката од нашиот гол, но мора да се потенцира дека и Велковски ја закачи топката, која заврши во пречката. Во следниот период, црвено-црните беа поконкретни и создаваа шанси. Се обиде и Ибиши, но одбрани голманот на Работнички, а Вардар имаше можност пред време да го реши победникот, кога Бериша од неколку метри биеше покрај голот, па резултатот остана непроменет. Нова принудна измена кај Вардар, од игра излезе Реџепи, на негово место е Александар Ѓорѓиески, а Мустафа Јусуф влезе на местото на Бериша. Добар обид имаше и Александар Младеновски, кој бие, но противничкиот голман одбрани со крајни напори и исфрла во корнер. Уште една голема прилика и тоа две во серија за Џемал Ибиши, кој најпрво бие со глава, а потоа и со нога, но во двата наврати одбрани голманот на Работнички. На крајот победа за Вардар, со резултат 2:1.

Ова беше трета победа за нашите младинци во првенството.