Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар ја наполнија мрежата на Прилепска Победа, за максимални 12 бода по првите 4 кола

Младинците на ФК Вардар ја наполнија мрежата на Прилепска Победа, за максимални 12 бода по првите 4 кола

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар стигнаа до нова победа во првенството, откако денес беа подобри на гостувањето во Прилеп од екипата на Победа. Црвено-црните беа многу подобра екипа на теренот и на крајот сосема заслужено ги освоија трите бода на овој меч. Конечниот резултат гласеше 1:4

Голеадата на овој натпревар ја отвори Александар Најдоски кој биеше прецизно во 30 минута за отварање на резултатот и водство на Вардар од 0:1. Ова инаку беше втор првенствен погодок за Најдоски во новата сезона. На вториот погодок не се чекаше многу време, откако Виктор Димков прецизно стрелаше за зголемување на резултатот на 0:2. Со овој резултат се замина на полувреме.

Оваа предност им даваше на Вардарци слобода во играта, а противникот мораше да се поотвори ако сакаше барем да постигне почесен гол. Такавата игра им донесе на нашите младинци уште два погодоци во мрежата на Победа. Се беше јасно кој ќе ги освои третите бода, кога капитенот Есмин Личина погоди за водство од 0:3 во 56 минута од дуелот. Во продолжение од натпреварот, домашната екипа успеа да постигне гол и да го намали резултатот на 1:3. Ова беше се што сторија Прилепчани на овој натпревар. Нововлезениот Едис Хамзиќ со уште еден гол ја запечати судбината на Победа, погодувајќи за резултат 1:4, кој беше и конечен на овој дуел. Ова е четврта победа од исто толку одиграни мечеви за младинците на ФК Вардар.

ФК Вардар: Трајчевски, Т. Тодоровски, Исмаил, Б. Тодоровски, Ричков, Личина, Додевски, Димитровски, Најдовски, Димков, Беќири.

Во игра влегоа уште Филип Стојчевски, Оливер Дишлиевски и Едис Хамзиќ.