Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > “Петарда„ во мрежата на Победа, младинците на ФК Вардар стигнаа до седмата првенствена победа
“Петарда„ во мрежата на Победа, младинците на ФК Вардар стигнаа до седмата првенствена победа

“Петарда„ во мрежата на Победа, младинците на ФК Вардар стигнаа до седмата првенствена победа

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар стигнаа до нова победа во младинската супер лига, откако на теренот во населбата Јане Сандански успеаа да ја совладаат екипата на Победа од Прилеп, убедливо со резултат 5:0.

Тренерот Андовски стартуваше со следниве 11-сетмина: М.Велковски (c), М.Младеновски, Петковски, Наумчески, Радевски, Реџепи, Тасев, Талески, Антовски, Мустафа, Бериша.

a2

Ибраниците на Ане Андовски одиграа одличен натпревар, на кој дилемите околу победникот ги решија уште во првото полувреме кога имаа висока предност од 4:0. Првиот директен удар кон еден од головите го имаше Вардар и тоа преку Алек Талески кој шутира покрај голот на Победа. Вардарци играа офанзивен фудбал и постојано беа на противничката половина. Добра прилика за отварање на резултатот имаше Реџепи, кога од непосредна близина на нафрлена топка од Антовски, биеше високо над голот, па резултатот остана оној почетниот.

a

Во добра прилика се најде и Бериша, но одбрани противничкиот чувар на мрежата. Прашање на време беше кога ќе постигнеме гол, а прилепчани беа ориентирани на дефанзива. Следните два обиди беа за Фитор Реџепи, во првиот бие покрај голот, во вториот одбрани со крајни сили голманот на Победа. Од прекин се обиде и Талески, одлично бие, но голманот на гостинскиот тим со врвот на прстите ја допре топката доволно да не заврши во неговата мрежа.

a5

Конечно успеваме да го отвориме резултатот, кога во противничкиот шеснаесетник соборен беше Јакуп Бериша, па судијата оправдано покажа на белата точка. Ударот успешно го реализира Бериша, кој му донесе предност на Вардар од 1:0. До крајот на првиот дел постигнавме уште три голови. По одлична акција кој ја започна Мустафа и додаде до Бериша, главен реализатор е Фитор Реџепи, кој погоди во долниот десен голмански агол, за водство од 2:0. Бериша одигра одлично прво полувреме, повторно се најде во улога на асистент, овој пат до Јусуф Мустафа, кој ја тресе мрежата на Победа, за зголемување на предноста од 3:0. Нова одлична акција на Вардар, крунисана со гол на Стефан Наумчески, за предност од 4:0 по првите 45 минути.

a4

На самиот старт на вториот дел, тренерот на Вардар, Ане Андовски направи три измени. Од игра излегоа Антовски, Бериша и Талески, а на нивно место во игра се А.Младеновски. Д.Велковски и Димоски. Од прекин се обидоа прилепчани први во вториот дел и тоа од прекин кога бијат, но одбрани голманот Велковски. Во игра влезе и Александар Ѓорѓиески, на местото на Наумчески.

a3

Црвено-црните мирно играа, високата предност им овозможи да ја контролираат играта. Мустафа беше играчот кој се најде во две прилики, но без реализација. Вардар стигна и до петти гол на денешниот дуел, дело на нововлезениот Давид Велковски кој погоди за предност од 5:0. Тоа беше се на овој натпревар, младинците стигнаа до нова важна победа во борбата за титулата.

Ова беше седма победа за младинците на Вардар кои ја одржуваат борбата за титулата во младинската супер-лига.