Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар со убедлива победа против А.Пандев го завршија есенскиот дел од сезоната
Младинците на ФК Вардар со убедлива победа против А.Пандев го завршија есенскиот дел од сезоната

Младинците на ФК Вардар со убедлива победа против А.Пандев го завршија есенскиот дел од сезоната

Младинците на ФК Вардар стигнаа до 11 победа во младинската супер лига, откако во последното есенско коло ја совладаа екипата на Академија Пандев. На теренот во населбата Јане Сандански, црвено-црните триумфираа со резултат 3:0.

1

Тренерот Андовски стартуваше со следниве 11-сетмина: М.Велковски (c), Радевски, М.Младеновски, Наумчески, Антовски, Адем, Реџепи, Д.Велковски, Петковски, Ибиши, Бериша.

Првиот директен удар го имаше екипата на Академија Пандев и тоа со глава но топката оди над голот. Вардар успеа во својата поконкретна акција да поведе со 1:0, откако Реџепи успешно го пронајде Ибиши, овој сам небранет од никого се ослободи од голманот и ја смести топката во мрежата за отварање на резултатот.

2

Црвено-црните беа подобрата екипа на теренот, со поголем посед на топка и често создаваа акции за загрозување на противничкиот гол. Од прекин се обиде Реџепи со глава, но одбрани гостинскиот голман. Се закани А.Пандев од голема далечина, но успешно брани Методија Велковски. Вардар успеа да го удвои водството и да поведе со 2:0, со нова одлична акција на Велковски кој додаде до Антовски Филип, кој погоди за предност од 2:0.

3

Претходно во голема прилика се најде Ибиши, кој сам излезе со противничкиот голман, биеше, но ја погоди само пречката. До крајот на првиот дел за одбележување е обидот и на Антовски, кој од прекин бие покрај голот. На одмор од десеттина минути, Вардар оди со заслужено водство од 2:0.

4 5

Прва измена во нашите редови на стартот од вториот дел, играта ја напушти Петковски, на негово место е А.Младеновски. Не требаше многу време во вториот дел да ја затресеме мрежата на пандевци, кога со својот прв гол Јакуп Бериша успеа да зголеми на 3:0, после асистенција на Велковски Давид. Се обиде Реџепи удар од голема далечина, брани голман и исфрли во корнер, обид и за Бериша, но повторно одбрани голманот. Во игра влезе и Бојан Димоски, на местото на Бериша. Во шанса се најде и Антовски кој биеше силно, но одбрани противничкиот голман. Имавме контрола на играта во овој дел од мечот, иако сакавме да постигнеме уште еден гол. Во шанса се најде Марио Младеновски кој бие, но одбрани голманот на струмичани, кој можеби е најзаслужен што неговиот тим денес не претрпе повисок пораз. На крајот победа за Вардар со резултат 3:0.

Есенскиот дел од сезоната го завршуваме на второто место на табелата, со осум бодови помалку од екипата на Шкендија која е есенски шампион.