Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар “итаат“ кон првенствената титула, совладана екипата на Македонија Ѓ.П
Младинците на ФК Вардар “итаат“ кон првенствената титула, совладана екипата на Македонија Ѓ.П

Младинците на ФК Вардар “итаат“ кон првенствената титула, совладана екипата на Македонија Ѓ.П

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар денес го одиграа 19 првенствено коло, против екипата на Македонија Ѓ.П. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 1:3. Стрелци на головите беа Теодор Димитровски, Дарко Додевски и Јасир Беќири.

Отпорот на домаќините беше скршен во второто полувреме, кога со три погодоци го решивме победникот на овој меч. По првиот дел резултатот беше оној почетниот 0:0. Црвено-црните започнаа офанзивно уште од првата минута, во првите 45 минути имаа неколку шанси да го отворат резултатот, но останаа нереализирани. Сепак во вториот дел, нашиот квалитет дојде до израз, што резултираше со конечен триумф од 1:3.

Оваа победа значеше уште еден чекор поблиску до титулата во лигата. До пред овој натпревар нашите младинци имаа четири бода повеќе од екипата на А.Пандев. До крајот на сезоната остануваа уште три кола за одигрување. Во следното 20 коло. Вардар е домаќин на екипата на Металург, која е голем наш должник од есенскиот дел.