Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > МЛАДИНЦИТЕ НА ФК ВАРДАР СЕ НОВИ ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА
МЛАДИНЦИТЕ НА ФК ВАРДАР СЕ НОВИ ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА

МЛАДИНЦИТЕ НА ФК ВАРДАР СЕ НОВИ ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар се нови шампиони на Македонија. Денес се одигра претпоследното 21 првенствено коло. На теренот во Тетово, црвено-црните излегоа како победници во дуелот со екипата на Ренова. Конечниот резултат гласеше 0:1. Стрелец на единствениот погодок беше Стефан Тасески.

Тренерот Љупчо Марковски започна со следниве 11-сетмина: Трајчевски, Личина, Ричков, Исмаил, Јошевски, Додевски, Тасески, Кремчески, Димитровски, Даци, Апостоловски.

Се играше тврд натпревар, на кој нашите младинци на крајот излегоа како победници. Иако имавме неколку прилики за постигнување на гол, првото полувреме заврши со почетниот резултат 0:0. На нашите младинци им беше потребен триумф за и теоретски да ја завериме титулата на коло пред крајот на сезоната. Моментот на одлука се случи во 54 минута, кога Стефан Тасески ја погоди противничката мрежа за водство од 0:1. До крајот на натпреварот, не се случи ништо посериозно кон еден од двата гола. Црвено-црните рутинирано го приведоа крајот на натпреварот за три бода, кои ни донесоа титула.

На коло пред крајот имаме четири бода повеќе од Академија Пандев, па последното коло ќе нема никакаво значење за нашите младинци, кои можат да почнат да ја слават титулата. Ќе имаме можност и за двојна титула, доколку на 19-ти мај бидеме поуспешни од екипата на А.Пандев, во големото финале на купот.