Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Младинците со „петарда“ во мрежата на Брегалница, кадетите поразени на отварање на новата сезона
Младинците со „петарда“ во мрежата на Брегалница, кадетите поразени на отварање на новата сезона

Младинците со „петарда“ во мрежата на Брегалница, кадетите поразени на отварање на новата сезона

Денес на спортскиот комплекс во населбата Хиподром  своите натпревари од 1.коло во Супер Лигата ги одиграа кадетите и младинците на фудбалскиот клуб Вардар.

Кадетите со пораз ја стартуваа новата натпреварувачка сезона. Иако имавме и свои шанси сепак нашите млади надежи на крајот доживеа пораз од екипата на Брегалница. Одлучувачкиот момент се случи во 75 минута кога Марио Аџијев постигна гол и ги постави конечните 0:1 на овој натпревар во кадетската лига.

Вардар: Андреј Данстак, Бојан Тренкоски, Никола Анчевски, Александар Савиќ, Филип Јовановски, Никола Величковски, Стефан Стојановски (К), Теодор Перковски, Кристијан Таневски, Левент Ибраим и Симеон Здравковски. 

Играа уште Хајдари и Хубрев.

Младинците имаа убедлив старт на новата натпреварувачка сезона. Избраниците на Бобан Бабунски убедливо ја победија екипата на Брегалница со резултат 5:0. Уште по првото полувреме беше осигурана победата кога резултатот гласеше 3:0. После неколку шанси, Вардар го отвори резултатот во 24 минута преку Нијаз Јусуфи кој погоди со волеј удар после центар шут од Јовановски за предност од 1:0. До крајот на првото полувреме постигнавме уште два гола во противничката мрежа. За само пет минути игра, најпрво Антонио Мирков во 32 минута зголеми на 2:0 и тоа со удар од белата точка, откако претходно истиов играч беше соборен во шеснаесетникот на гостинската екипа, додека предност на Вардар од 3:0 во 37 минута му донесе Ѓорги Дошев кој погоди со удар од голема далечина ( генерација 2005).

Вардарци продолжија со офанзивната игра и во вториот дел од натпреварот. На самиот старт со својот втор гол, Мирков го зголеми резултатот на 4:0, откако Стојилевски му даде добра топка во простор, Мирков го лобуваше голманот на Брегалница, додека истиов играч со хет-трик во 52 минута му донесе висока предност од 5:0 на Вардар. На последниот гол претходеше асистенција од Дошев, очи во очи излезе Мирков со голманот кој го совлада со удар покрај стативата.

Вардар: Гоце Јовчев, Марко Стојилевски, Филип Ѓоргоски, Ѓорги Дошев, Антонио Мирков, Лео Андрески, Петре Тасевски, Нијаз Јусуфи, Марио Ричков, Огнен Здравковски и Дарио Јовановски (К). 

Играа уште и Трпезановски, Марковски, Живков и Илиевски.