Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Молк во Чаир, победа за ФК Вардар!
Молк во Чаир, победа за ФК Вардар!

Молк во Чаир, победа за ФК Вардар!

ФК Вардар беше пречекан во Чаир пред повеќе од 5.000 гледачи. Но нашиот шампион многу бргу го замолкнаа Чаир. Уште во 9 минута Филип Ивановски јасно даде дознаење, дека нема што да бара Слога на овој натпревар. Класата во квалитет беше докажана на овој натпревар. Нашиот тим го доби овој натпревар лесно со резултат 0:3, стрелци на головите беа Ивановски  Блажевски и Спировски. За Вардар на новој натпревар настапија: 28. Пачовски, 3. Попов, 4. Мијушковиќ, 6. Грнчаров, 9. Блажевски, 10. Дашјан, 14 Велковски, 16. Глигоров, 22. Ивановски, 70. Хуан Фелипе, 77. Брдаровски. РЕЗЕРВИ: 90. Гачевски, 7. Љамчевски, 8. Спировски, 11. Асани, 17. Стојков, 21. Новак, 24. Темелков.

Натпреварот започна, првите 8 минути од натпревар се одвиваа на средината на теренот, се до 9-та минута, кога Филип Ивановски го носи ФК Вардар до водство од 0:1 и голема радост. ГОООЛ Фелипе изведе еден одличен корнер, Ивановски скокна нај високо, и ја смести топката во мрежата на домашниот голман. Во 20 минута од натпреварот Слога имаше добра шанса да израмни, по еден корнер, еден домашен фудбалер од 5 метри не успеаа да ја смести топката во мрежата на Пачовски, за наша среќа останува 0:1 Oткако даде гол, непотребно нашиот тим се затвори. Добра прилика имаше Вардар преку контра напад во 29 минута, Дашјан проби по страна, нафрли но голманот малку ја допре топката, доволно да не дојде до Фелипе. Незгоден шут од 30-тина метри упатија домакините, која отскокна пред Пачовски, но нашиот голман ја скроти оваа топка. ГООООЛ 36 минута 0:2 Блажевски предводи контра напад, и ја завршува успешно, браво Шиле ниска топка по земја за 0:2. Каква шанса пропушта Блажевски за 0:3, од речиси 5 метри не успеа да го матира голманот на Слога. Крај на првиот дел 0:2 

Почеток на вториот дел. Првите десет минути започнуваат мирно, без некој посериозни возбудувања. 56 минута од натпреварот, Глигоров упати еден одличен шут од преку 25 метри, но за малку покрај стативата, воздишки од трибините. Изминува и 62 минута од натпреварот, Вардар сигурно го чува своето водство, кое сака да го зголеми од контра напади. Прекин од неколку минути, еден играл на Слога се жалеше на повреда.  Прва замена во нашиот тим, во игра влегува Љамчевски на местото на Велковски. Моменти кога натпреварот повеќе е во застој, отколку што тече, 70 минута од натпреварот. Втора замена во ФК Вардар, во игра влегува Ацо Стојков на местото на Блажевски. Жолт картон доби и Попов во нашиот тим. Преостануваат уште десет минути од натпреварот без поголеми шанси за гол на двете страни. 89 минута од натпреварот, Слога имаше слободен удар од 15 метри, но неуспешно. Влегува и Спировски во игра. ГООООЛ 0:3 Спировски стрелец.  Крај на натпреварот, огромни три бода за ФК Вардар од ова тешко гостување. Браво момци!

Фото: fkvardar.mk