Денес на силниот меѓународен турнир “Пирин куп”, кој се игра во Бугарија, генерацијата родени 2007 година на ФК Вардар одигра два дуела од групната фаза. По крајот на истите момците на Горан Петрески-Чунда дојдоа до пласман во следната фаза. Тие како и двете други црвено-црни екипи дојдода до 7.бода , со тоа обезбедија пласман во 1/4-финалето.
Денес одигравме два дуела во генерацијата 2007. Во утринскиот со сосема одличната екипа на Царско Село во еден интересен натпревар одигравме реми без голови, 0-0. Ние и они од оваа група обезбедивме пласман понатака. Попладнето во клучниот дуел за пласман се сретнавме со тимот на ФК Доростол, момците на “Чунга“ успеаа да одиграат перфектен дуел и со високи 7-0 дојдовме до победа. Стрелци на головите беа пет момци: по два гола беа дело на Борјан Томовски и Мичо Пиповски. Стрелци на по еден гол беа: Петар Мицевски, Милош Спасовски, и Лука Атанасовски.
Во утрешното четвртфинале не очекува силен противник, екипата на Паок. Овој натпревар е закажан за утрото со почеток во 10-00.