Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Стефан Тасев: Наградата најдобар голман е дело на моите тренери, Андовски, Мутибариќ и Кметовски
Стефан Тасев: Наградата најдобар голман е дело на моите тренери, Андовски, Мутибариќ и Кметовски

Стефан Тасев: Наградата најдобар голман е дело на моите тренери, Андовски, Мутибариќ и Кметовски

Генерацијата на фудбалскиот клуб Вардар, родени “2004′ година го повторија успехот од минатата сезона и оваа година станаа шампиони на Македонија. Двете екипи кои ги предводеше тренерот Ане Андовски беа во најдобрите три и на крајот сосема заслужено ги освоија трофеите. Вардар (2) во едно неизвенсо финале стигна до златниот медал, совладувајќи ја екипата на Шкендија, дури по изведување на удари од белата точка. Таму јунак беше нашиот голман, Стефан Тасев, кој успеа да одбрани дури три удари од белата точка. на екипата од Тетово. Неговата екипа ја заврши сезоната без ниту еден пораз, забележувајќи 23 победи, од исто толку одиграни натпревари. Впечатоците од големото финале, можете да прочитате од изјавата на голманот, Стефан Тасев кој имаше уште одлична сезона на голот на Вардар.

306-660x330

-Сите ние како екипа сме задоволни од оваа сезона, а исто така и нашиот тренер Ане Андоски кој веруваше во нашиот успех. Тоа што цела сезона не доживеавме пораз е голем успех за нас. Сметавме дека сме најдобри и дека ке го освоиме првото место. Ова финале со Шкендија за мене е незаборавно, уште пред да почне утакмицата ние имавме цел да го освоиме финалето, каде јас ги бодрев моите соиграчи. Натпреварот почна во силно темпо, каде двете екипи покажаа голема желба за победа. Имавме многу шанси кои не ги искористивме па стигна мала казна од противникот. Ние се вративме, игравме цврсто и храбро, во секој од нас имаше емоција да го освоиме ова финале. Иако направив грешки јас ги заборавив за време на финалето, кога тетовчани имаа предност од  два гола.

625

Шкендија во три наврати имапше предност, на стартот на второто полувреме и водство од 1:3, но тоа не значеше дека Вардар неможе до пресврт. Се надминаа овие момчиња, кои изгинаа на терен и покажаа како се бранат боите на клубот.

b41-660x330

-Ние со добра и храбра игра се вративме и израмнивме. Шкендија имаше водство од 4:3 , ние со сето срце и сета игра која ни ја кажа тренерот Андовски,  успеавме да израмнимее и да го доведеме ова финале до пенали. Јас за пеналите не користев никаква тактика, истите ги бранев со срцето, каде ке ми кажеше срцето таму бранев. Кога го одбранив последниот пенал јас бев пресреќен, во тој момент незнаев дали да плачам или да се радувам за освоеното прво место.

18741581_1294237154027576_137084660_n

Признанието за најдобар голман заврши во рацете, токму на Стефан Тасев, кој продолжува да собира поединечни награди за најдобар голман, како во детската лига, така и на многу турнири, каде настапува неговата генерација.

-За наградата за најдобар голман не ја очекував, сепак ова е дело на моите тренери Ане Андоски, Мутибариќ и Љупчо Кметовски кои многу ме научија. Од оваа сезона јас сум презадоволен и се надевам дека наредната сезона ке биде уште подобра.

vardarfans-golman-tasev

Звонко Ивановски