Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Најава ФК Вардар – ФК Работнички
Најава ФК Вардар – ФК Работнички

Најава ФК Вардар – ФК Работнички

Денеска на програмата е ново коло во ПМФЛ, лидерот на табелата ФК Вардар ќе одигра натпревар пред своите домашни гледачи на Арената Филип II, противник ќе ни биде градскиот ривал екипата на Работнички. Овој натпревар е во рамките на 25 коло, на три пред крајот на регуларниот дел. На табелата нашиот црвено – црн тим е на првата позиција со пет бодови предност пред Шкендија, денешниот противник екипата на Работнички се наоѓа дури на петтата позиција на табелата со само 33 освоени бодови.

vardarfans-fkvardar

Оваа сезона градските ривали се сретнаа два пати, на првиот натпревар ФК Вардар како домаќин победи со 2-1, додека пак вториот натпревар заврши без победник 1-1. Работнички е во криза, на послетните пет натпревари нема победено. Се надеваме дека Вардар ќе ја продолжи низата од седум последователни напревари без пораз против Работнички.

Дојдете во 18 часот на нашиот стадион, да им дадеме голема поддршка на нашите играчи, билетите се по цена од 100 денари.