Денеска се игра 11-сетото коло во ПМФЛ. Противник на нашиот црвено – црн тим е тетовска Шкендија, главниот претендент за титулата оваа сезона. Разликата по овие 10 кола помеѓу овие два тима е минимална, нашиот тим и ”бега” на Шкендија само еден бод. Оваа сезона овие два тима се сретнаа еднаш во ПМФЛ, и тоа во Куманово каде Шкендија беше домакин. На тој натпревар нашите момци победија со резултат 3:1, на полувреме резултатот беше 1:1, па сите ние посакуваме да се повтори играта од Куманово, посебно во вториот дел, па ФК Вардар да дојде и тука до значајни три бода.
Последните пет натпревари помеѓу овие два тима говорат колку се изендачени овие екипи. Како што најавивме на 16.08 нашиот тим победи со 3:1, потоа овие два тима се сретнаа 12.05.15 кога домашната Шкендија славеше со 1:0, потоа на 24.04.15 исто на домашен терен, Шкендија не победи со 3:2, потоа следуваа две победи за ФК Вардар, на 22.10.14 со убедливи 3:0, и на гости со резултат 1:2 на 19.10.14
Од друга страна, сите паметиме кога ФК Вардар и го нанесе на Шкендија најтешкиот пораз со 6:1, тоа беше на 12.03.2013 година.
Фото: fkvardar.mk