Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > До крајот на овој месец ќе бидат подмирени долговите во ФК Вардар
До крајот на овој месец ќе бидат подмирени долговите во ФК Вардар

До крајот на овој месец ќе бидат подмирени долговите во ФК Вардар

До крајот на овој месец ќе бидат подмирени сите долгови во ФК Вардар. Така велат последните информации кои денес пристигнаа во фудбалската јавност во Македонија.

Сергеј Самсоненко бил подготвен до крајот на овој месец да ги подмири сите долгови во ФК Вардар, а бил договорен и состанок со Град Скопје на кој ако треба ќе се потпишат и гаранции дека до крајот на овој месец ќе биде подмирено се во Фудбалскиот клуб Вардар.

Во ФК Вардар се најавени подобри денови. Дали навистина овој пат ќе биде така, останува да сочекаме.

Вардар стартот на зимските подготовки ќе го има на 14 јануари.