Фудбалерите на Вардар не можеа да посакаат подобар старт на последното есенско коло. По само 16. секунди игра во Струмица, ,,црвено – црните” имаат предност од 0:1.
Одлична висока топка упати Петковски, Мирчевски од прва биеше крајно прецизно и погоди за 0:1. Ова беше воедно и најбрзиот гол сезонава во ПМФЛ.
Вардар во продолжението ја контролира играта, а има и неколку нови шанси за удвојување на предноста. Домаќинот имаше една добра шанса, но Илиќ одбрани.
За Мирчевски ова беше четвртиот погодок оваа сезона.