Овој викенд конечно ќе биде побогат за Црвено – Црната армија навивачи на Вардар. Покрај ФК Вардар, кој го гледаме веќе константно секоја седмица, од овој викенд започнува и РК Вардар, со големите возбудувања во Л.Ш. И двете наши екипи в недела ги играат своите натпревари.
ФК Вардар во недела, од 15 часот и 30 минути и гостува на Ренова, овој натпревар ќе се одигра на стадионот во Боговиње. Очекува уште една добра престава на шампионот, и нови три бода.
РК Вардар за разлика од ФК Вардар, својот натпревар исто така го игра на гостински меч, и тоа во Франција. Очекуваме одлично отворање на новата сезона за нашиот тим, и воведни два бода.
Нека биде оваа недела 2 од 2 за Црвено – Црното семејство на Вардар!
Фото: rkvardar.mk