Македонија се наоѓа на еден бод до место на завршниот турнир на лига Д на Лигата на нации. Вчеравечер во Вадуц, играчите на Ангеловски го совладаа домаќинот Лихтенштајн со резултат 0:2 (0:0) и им се вратија на победите по катастрофалната игра и убедливиот пораз во Ерменија минатиот месец.
Во вчерашниот триумф свои минути одигра и играчот од одбраната на Вардар Кристијан Тошевски. Тошевски во игра влезе во 85. минута на местото на екс играчот на “црвено – црните” Спировски, кој се здоби со повреда.
По влегувањето во игра, нашиот играч имаше неколку добри центар шутеви кон напаѓачите.
Македонија сега е на само бод до полуфинале, а три со сигурност ќе ни донесат дуел на домашен терен.