Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Македонската репрезентација до 17 години ја победи С.Арабија, настап забележаа сите четворица играчи од Вардар
Македонската репрезентација до 17 години ја победи С.Арабија, настап забележаа сите четворица играчи од Вардар

Македонската репрезентација до 17 години ја победи С.Арабија, настап забележаа сите четворица играчи од Вардар

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години со победа го стартуваше развојниот турнир во Скопје. Избраниците на Горан Станковски триумфираа на првиот дуел против селекцијата на Саудиска Арабија, која ја совладаа со резултат 2:0, со голови во второто полувреме.

Дел од оваа селекција на Македонија се и четворица играчи од редовите на Вардар и сите добија шанса за настап во вчерашниот триумф. Се работи за Грегори Давков, Абдула Хасани, Филип Ѓорѓоски и Георг Стојановски.