Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Радуловиќ-Величковиќ постигна гол за Македонија У21, Стојановски настапи за У17
Радуловиќ-Величковиќ постигна гол за Македонија У21, Стојановски настапи за У17

Радуловиќ-Величковиќ постигна гол за Македонија У21, Стојановски настапи за У17

Репрезентациите на Македонија до 17 и 21 година одиграа контролни натпревари во Анталија.

Македонија У17 го имаше својот прв контролен дуел против соодветната репрезентација на Русија, од која бевме поразени со резултат 2:1. Македонија беше прва која го отвори резултатот и имаше предност од 0:1 по првото полувреме, период во кој не искористивме уште една добра прилика за зголемување на резултатот. Во второто полувреме, Русија постигна два гола за конечен триумф од 1:2.

Свои минути во националниот дрес имаше Георг Стојановски, кој влезе во игра во вториот дел, додека Марио Ричков ќе чека шанса за настап на следниот дуел, кој исто така ќе го одиграме со Русија.

Во Анталија се наоѓа и Македонија У21, која го одигра вториот контролен дуел, овој пат против врсниците од Словачка. Има за што да жали и оваа репрезентација предводена од Милевски, со оглед дека имаше водство од 2:0. По првото полувреме имавме водство од 1:0, додека вториот гол за Македонија го постигна играчот на Вардар, Мартин Радуловиќ-Величковиќ кој влезе во игра во вториот дел. Сепак концентарцијата попушти во последните 15 минути, период во кој Словачка постигна два гола и ги постави конечните 2:2 на овој пријателски дуел.

Во стартниот состав беше Александар Ѓурковски, додека Виктор Крстевски и Мартин Радуловиќ-Величковиќ настапија во вториот дел од натпреварот.