Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Николов одигра нови 60 минути, Мијушковиќ солиден против Турција

Николов одигра нови 60 минути, Мијушковиќ солиден против Турција

Нашите играчи овој викенд имаа свој настапи со репрезентациите во кои настапуваат. Капитенот на Македонската репрезентација до 21 година, Бобан Николов денеска запиша нов настап, овој пат во А репрезентацијата на Македонија на пријателскиот натпревар против селекцијата на Азербејџан. Николов влезе во игра во 30 минута, откако неговиот соиграч Барди се повреди. Дарко Велковски не доби шанса на овој дуел.

Исто така вчера свои насатапи со Црна Гора имаа и нашите играчи Немања Мијушковиќ и Дамир Којашевиќ. Вчера против репрезентацијата на Турција, Мијушковиќ влезе во игра во 22 минута од мечот, ова беше деби настап за Мијушковиќ за Црна Гора, додека пак Којашевиќ не доби шанса на овој дуел. Инаку в неделата  рано наутро свој настап за репрезентацијата на Ерменија имаше и Хамбарџумјан, неговата репрезентација со 7:1 ја победи селекцијата на Гватемала.