Денес во рамките на првото пролетно коло, нашите кадети гостуваа во Прилеп кај екипата на Победа.
Кадетите на Вардар беа минимално поразени со резултат 1:0 и на тој начин останаа без бодови од гостувањето кај Победа. По првото полувреме резултатот беше 0:0. Вардар може да жали што не освои бодови на овој дуел од кадетската Супер Лига, со оглед што во два моменти во големи зицер шанси се најде Филип Јовановски кој излезе еден на еден со голманот, кој сепак не успева да го совлада. Домашниот тим голот го постигна после еден контра напад, откако ние имавме корнер, на одбиена топка Победа направи брза контра која на крајот заврши со погодок. Во 89 минута црвен картон доби Симеон Здравковски.
Вардар: Данстак, Здравковски, Таневски, Трајковски, Цветков, Анчевски (К), Алексоски, Абаз, Петровски, Јовановски и Недељковиќ.
Играа уште и Лука Ивановски, Филип Блажевски, Мартин Славев и Бојан Тренкоски.
Младинците на Вардар освоија бод, играјќи без голови 0:0 на натпреварот со Победа. Лошите временски услови си го направија своето, па на овој натпревар не видовме некои зрели шанси на двете страни. На крајот овој резултат беше најреален исход.
Вардар: Стојковски (К), Трпезановски, Стојилевски, Каровски, Трајковски, Серафимов, Дошев, Живков, Здравковски, Ибраим и Величквски.
Играа уште и Стефан Стојановски, Абдулах Хасани и Мартин Илиевски.