Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Стефан Наумовски: Очекувам да биде пуштен во употреба новиот тренинг центар, а желба ми е да избориме пласман на завршниот турнир во детската лига на ФФМ
Стефан Наумовски: Очекувам да биде пуштен во употреба новиот тренинг центар, а желба ми е да избориме пласман на завршниот турнир во детската лига на ФФМ

Стефан Наумовски: Очекувам да биде пуштен во употреба новиот тренинг центар, а желба ми е да избориме пласман на завршниот турнир во детската лига на ФФМ

Продолжуваме да ви ги промовираме Вардаровите надежи од младите категории. Денес ви го претставуваме Стефан Наумовски (крилен напаѓач) роден на 13.09.2005 година, кој во есенскиот дел од детската лига на ФФМ настапува за Вардар 2 генер. “2005“ и со својата екипа предводена од тренерот Зоран Петковски ја освои есенската титула во својата група со девет победи и еден пораз и заедно со Петар Пројкоски беа најдобри стрелци со по 8 постигнати голови.

Стефан Наумовски со фудбал почнал да се занимава пред 3,5 години и неговите почетоци биле во ФК МакедонијаЃ.П каде поминал 2 години а веќе 1,5 година е член на ФК Вардар со кој минатата сезона го освои третото место во детската лига на ФФМ, второ место на “Караорман Куп 2015“ ,прво место на “Брегалница куп 2015“ ,а стана и есенски првак во детска лига на ФФМ и Вардар јуниор лига за сезона 2015/16.

vardarfans naumovski gener 2005

Го запрашавме Стефан по што ќе го памети есенскиот дел од сезоната 2015/16?

-Секако по освоениот Брегалница куп во Штип и есенската титула во детската лига. Потоа по одличните игри во текот на цела полусезона и победите против дирекните конкуренти Работнички 9:3 и Шкупи 6:0, но и по повредата во последното коло кога не можев да го дадам максимумот и да им помогнам на моите соиграчи да го избегнеме единствениот пораз во лигата.

 Што очекуваш од пролетниот дел од сезоната?

-Очекувам да биде пуштен во употреба новиот тренинг центар каде ќе имаме одлични услови за тренинг, да продолжиме со одлучните игри и победи во двете лиги и на турнирите каде што ќе настапуваме. Желба ми е да избориме пласман на завршниот турнир во детската лига на ФФМ каде ќе имаме можност да се бориме за титулата Првак на Македонија, изјави Стефан Наумовски за Вардар Фанс

Звонко Ивановски