Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Скопје куп: Невремето го прекина дуелот ФК Вардар- ФК Септември ,Бугарија (пионери)
Скопје куп: Невремето го прекина дуелот  ФК Вардар-  ФК Септември ,Бугарија (пионери)

Скопје куп: Невремето го прекина дуелот ФК Вардар- ФК Септември ,Бугарија (пионери)

Денес на меѓународниот турнир “Скопје куп “ свој меч на програмата имаше црвено-црната генерецијата ”2000”  односно пионерскиот состав на ФК Вардар. Тимот предводена од Сашо Тодоровски на првиот меч од овој турнир  се сретне со тимот на ФК Септември (Бугарија). Натпревар почна со  одигрување како што беше најавено во 18 часот и 15 минути  на еден од  теренот на ФФМ.

Сепак големото невреме кое владее над скопската котлина допринесе да мечот се прекине по само 7-8 минути игра, резулатотот при прекинот беше оној почетниот 0-0, а силниот ветар, дождот кој надоаѓаше де дозволија да се развие сериозна игра во почетните минути од дуелот на македонксиот “двоен шампион“ во пионерска конкуренција и гостите од нашиот источен сосед Бугарија, екипата на Септември. Сашо Тодоровски својата доверба да стартуваат им ја даде на следниве играчи : Давид Денковски кој беше помеѓу стативите бидејќи Мето Велковски заради “вироза“ беше надвор од стројот. Елвир Рамиќ, Александар Ѓоргиевски, Марко Стојчевски, Горјан Трајковски, Виктор Пешевски, Филип Стојановски, Јакуп Бериша, Саид Бетиќи , Кристијан Ристовски и Марко Ѓоргиевски. Доцна вечерва или рано наутро организаторот на турнирот ќе утврди нов термин за одигрување на овој прв меч во групата-Б на нашиот вардаров пионерски колектив и врсниците од Бугарија, за што дополнително ќе бидете известени.

НАПОМЕНА: ФК Вардар генерација родени 2002 и помали денес на истиот турнир се сретна со врсниците од тимот на Буба Мара  кој доаѓаат од Хрватска, и на истиот остваривме триумф со 2-0.