Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Полека се полни “Сведбанк арена“, Малме продаде три-четвртини од арената
Полека се полни “Сведбанк арена“, Малме продаде три-четвртини од арената

Полека се полни “Сведбанк арена“, Малме продаде три-четвртини од арената

Како што се доближува првиот натпревар од двомечот со шведскиот тим Малме така се распродаваат билетите за нивната “Сведбанк арена“. По се изгледа дека  нашиот шампион  Вардар на првиот меч  од второто квалификациско коло во  Лигата на шампионите против Малме во Шведска ќе игра пред полн стадион.

Информациите велат дека екипата на  Малме успеала  досега да продаде речиси три-четвртини од капацитетот на арената. Продадени се  15.000 карти  за овој  натпреварот на десетина дена пред истиот, дуелот  се игра на 12. јули. Капацитетот на “Сведбанк арена“  за меѓународни натпревари  е 21.000 место, за домашни мечеви е нешто поголем поради можноста да се купат билети за стоење што во европски дуели не е пракса. Поради Суперкупот ние сме скратени со приликата да играме на “Телеком Арената“ која може да собере над 30.000 гледачи на едно место.  Реванш дуелот  во кој  Вардар е домаќин на  Малме ќе се игра во Струмица на стадионот ’’Младост“, тој спортски објект  е со капацитет од само 5.500 места.