Бесир Демири е пред извесно заминување од тимот на Вардар. Дека Јаневски не смета на Демири се потврдуваат и информациите дека тренерот на Вардар е сериозно заинтересиран да донесе нов лев бек во својте редови. Oдлуката е падната на србинот, Немања Вучиќ кој по се изгледа напролет ќе го облече црвено – црниот дрес.
Поранешниот младински репрезентативец во Вардар дојде во сезоната 2016/17 од тетовска Шкендија, досега има одиграно 26. натпревари во ПМФЛ без постигнат погодок.
Демири по се изгледа кариерата ќе ја продолжи надвор од нашата земја.