Попладнево на терените на ФФМ во Ново Лисиче, ФК Вардар (3) генерација 2007 се сретна со екипата на ФК Драчево, ние во овој дуел дојдовме со победа со резултат 4-2. Момците на Томче Трајановски кои се натпреваруваат во една година повозрасната категорија т.е со генерација 2006 повторно забележаа триумф.
Напаѓавме уште од почетокот на првата минута со цел да оствариме предност. Во првиот дел имавме серија прилики кои не ги реализиравме па моравме да се задоволиме со минимална предност на одморот. Поведовме со погодокот на Емир Шаботиќ, кој погоди за наша предност со 1-0, тој стрелаше за отварање на резултатот. Имавме шанси и за удвојување на предноста, сепак немавме среќа. Најголема прилика од пенал пропушти Петар Мицевски, тој не ја искористи најстрогата казна, па моравме да одиме на пауза со минимална предност. Првиот дел го бранеше Даниел Исајловски кој ја сочува мрежата, во вториот дел на негово место влезе Јовица Спасовски.
Вториот дел го започнавме офанзивно со цел брзо водството. Овој пат бевме поефикасни со по еден гол на Емир Шаботиќ и Грашевски Александар поведовме со високи 3-0. По овој резултат се изнапромашивме доста, имавме повеќе од играта, но ни фалеше среќа и умешност при последниот контакт со топката пред голот на Драчево. Противникот не казни со два гола, тие намалија најпрвин на 3-1, а веднаш потоа и на 3-2. Сепак ние брзо со вративме, добивме пенал, топката ја намести Грашевски Александар и немилосрдно биеше за предност од 4-2. Со овој резултат се оконча дуелот и впишавме нови три бода.