Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Со три последователни победи, ФК Вардар генер. “2009„ се пласира во најдобрите осум екипи на турнирот “Кул Куп„
Со три последователни победи, ФК Вардар генер. “2009„ се пласира во најдобрите осум екипи на турнирот “Кул Куп„

Со три последователни победи, ФК Вардар генер. “2009„ се пласира во најдобрите осум екипи на турнирот “Кул Куп„

Со три последователни победи, генерацијата на ФК Вардар родени “2009„ година успеаа да изборат пласман меѓу најдобрите осум екипи на турнирот “Кул Куп 2018„.

Денеска избраниците на Зоран Петковски успеаа да ги победат преостанатите два натпревари во групата и да се изборат за пласман во четвртфиналето. Најпрво утрово, вардарци успеаа да ја победат екипата на Скупи, со конечен резултат од 4:1. Марко Петровски беше играчот кој успеа да го отвори резултатот на овој дуел и да му донесе водство на Вардар од 1:0. Следеше и втор гол во мрежата на противникот, дело на Јаков Стојковски за водство од 2:0. Доминацијата на Вардар продолжи и во следните минути, кога погодија и Дарин Михајловски за водство од 3:0, додека резултатот на 4:0 го зголеми Вито Павлов.

vardarfans-gener-2009

Во последното 4.коло од групната фаза, кој беше решавачки за пласан во 1/4, избраниците на Петковски одиграа нов добар дуел и беа подобри од екипата на Шкендија од Тетово. Овој меч го добивме исто така убедливо, со резултат од 3:0. Павел Котески Митроски беше стрелец на првиот и третиот гол, додека вториот гол беше дело на Јаков Стојковски.

На тој начин со три победи и еден пораз, генерацијата “2009„ утре ќе игра во 1/4 финалето, најверојатно со екипата на Работнички.