Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Македонските клубови ја окупираат Анталија
Македонските клубови ја окупираат Анталија

Македонските клубови ја окупираат Анталија

И оваа година како и минатaта, главните зимски подготовки половина од македонските клубови ќе ги имаат во топлата Анталија – Турција.

Тимот на Вардар Анталија не ја менува за ништо, па така и оваа година како што најавивме, зимските подготовки ќе минат на познатата локација. Во Анталија сеуште не е познато од кога до кога ќе престојува нашиот шампион, според очекувањата тимот ќе замине некаде околу 17-18 јануари. Пред тоа, Вардар ќе има неколку тренинзи во Скопје за старт на новата година.

9811-vardar-utre-go-igra-prviot-test-vo-antalija

Во Анталија оваа година заминува половина прва лига, покрај тимот на Вардар, во овој град најaвија дека ќе заминат и тимовите на Работнички, Силекс, Академија Пандев и Шкендија.