ФК Вардар губи уште еден квалитетен фудбалер од средината на теренот. Репрезентативецот на Македонија, Бобан Николов заминува во таборот на Видеотон. Oваа информација вчера ја пренесе sport1.mk
Николов има договор со Вардар до крајот на оваа сезона, но, управата решила да го продаде и да заработи од овој играч. По заминувањето на Николов сега Вардар ќе има многу мака да состави квалитетен среден ред.
Само за потсетување, Вардар може да регистрира само двајца странски играчи. Ако се земе во предвид дека на Вардар очајно му се потребни офанзивни играчи, сега ќе треба да се мисли и на средината, нема да биде изненадувачки ако замената за Николов Вардар ја бара во домашен играч.