Денес и во четврток на тренинг центарот “Петар Милошевски“ контролни натпревари ќе одигра Македонската фудбалска репрезентација до 16 години, која за противник ќе ја има соодветната селекција на Словенија.
Селекторот на оваа селекција, Марио Вујовиќ за овие контролни дуели повика пет играчи од Вардар. Се работи за Азер Омерагиќ, Филип Андоновски, Фисник Салиу, Александар Ѓурковски и Али Асани. Денешниот дуел ќе стартува од 17:00 часот.