Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на ФК Вардар го победија Њу Старс, кадетите одиграа без голови, на контролни натпревари
Пионерите на ФК Вардар го победија Њу Старс, кадетите одиграа без голови, на контролни натпревари

Пионерите на ФК Вардар го победија Њу Старс, кадетите одиграа без голови, на контролни натпревари

Пионерите и кадетите на ФК Вардар вчера гостуваа во Ѓорче, на екипата на Њу Старс со која одиграа контролни натпревари.

Пионерите на Вардар ги совладаа врсниците од Њу Старс, со резултат 0:3. По првото полувреме имавме минимално водство од 0:1, со погодокот на Георг Стојановски кој погоди на асистенција од Давидовски. Одигравме одлично на овој меч и во вториот дел постигнавме уште два нови голови. Капитенот Петар Давидовски овој пат во улога на голгетер, по една одлично изведена соло акција успеа да зголеми на 0:2, додека конечните 0:3 на овој пријателски дуел ги постави Сулејман Исмаиљи кој се запиша во листата на стрелци, после додавање од Саит.

Вардар: Јовчев, Ѓоргоски, Сељанац, Давков, Јовановски, Ѓоргиевски, Стојчевски, Давидовски (К), Мирков, Стојановски, Живков.

Влегоа уште и Марковски, Трпезановски,Тасевски, Саит, Исмаиљи и Андрески.

Кадетите на Вардар и Њу Старс одиграа без голови 0:0. Имаа шанси и двете екипи, но до крајот резултатот остана непроменет.

Вардар: Стојковски, Величковиќ, Ѓурковски, Крстевски, Петејчук, Хасани, Андоновски, Асани, Игњатов, Салиу, Омерагиќ(К)