Вардарци го добија дербито од 14.коло во помладата пионерска Супер лига. Утрово на теренот на Академијата, нашите млади надежи високо го поразија тимот на Шкендија со резултат 3:0 (3:0).
Вардар: Илиевски, Фидановски, Стојилевски, Серафимов, Кулуковски, Спасиќ, Цветков, Кузмановски, Јовановски, Курти и Величковски (К).
Иако требаше да биде ова дерби натпревар, сепак Вардар покажа многу повеќе од противникот и уште по првите 45 минути ги реши дилемите околу победникот. Момците на Стефановски-Гаге влегоа имаа сериозен пристап на натпреварот, кој им даде резултат уште во првиот дел. Тргнавме фуриозно кон противничкиот гол и уште во првите минути од натпреварот успеавме да го отвориме резултатот. Од десната страна од аут топка нафрли Фидановски, кој го пронајде Никола Величковски кој со глава го матира голманот на тетовчани за наша предност од 1:0.
Шкендија речиси и да не одигра ништо во овој дел од натпреварот, додека нашиот голман Леонид Илиевски немаше многу работа на својот гол. Набргу зголемивме и на 2:0, откако Курти повлече акција од левата страна, упати центар шут во противничкиот шеснаесетник, топката најпрво стигна до Величковски кој додаде до Јовановски, овој со силен и прецизен удар му носи удвојвање на водството на својот тим. Имавме уште една добра прилика да го зголемиме резултатот, но Величковски не успева да го совлада гостинскиот голман, откако доби употреблива топка од Спасиќ, сепак и сутуацијата не беше баш најидеална. Вардар стигна и до предност од 3:0, откако втор пат денес погодува Величковски, после центар шут од Јовановски. До крајот на првиот дел за одбележување се обидите на Цветков од прекин и на Фидановски од игра, сепак немаше нов погодок, па на полувреме се замина со резултат 3:0 во корист на Вардар.
Вардар го одигра мирно второто полувреме и речиси со половина сили ја задржа предноста која ја оствари во првиот дел. Во овој дел од дуелот не видовме некоја голема шанса за погодок. Тино Спасиќ имаше прилика на Повратна од Величковски, како и Јовановски Филип на асистенција од Фидановски, сепак мрежата на Шкендија во овој дел мируваше. Гостинот имаше два удари кон нашиот гол, но денес Леонид Илиевски не дозволи да биде совладан. Крај на натпреварот и победа за Вардар со резултат 3:0.
Во игра влегоа и Цикарски, Ристовски и Радевски. Со овој триумф, вардарци се одлепија на врвот на табелата со 4 бодови предност пред екипата на Академија Пандев, која вчера одигра без победник на дуелот со Пелистер.