Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нови победи на генерацијата 2010 за крај на есента
Нови победи на генерацијата 2010 за крај на есента

Нови победи на генерацијата 2010 за крај на есента

Денеска се одиграа последните натпревари за оваа есен во Детската фудбалска лига. Генерацијата на Вардар 2010 со две победи ја заокружи оваа одлична етапа. Играчите на Петковски денеска славеа победи над тимовите на Фаст и Биџо.

Најпрвин Вардар (1) излезе на теренот и одигра натпревар против Фаст. На еден убедлив начин црвено – црните го добија овој дуел со резултат 6:0. Вардарци во текот на целиот натпревар доминираа на теренот.

Стрелци денеска беа: Стефан Ристиќ (3), Марко Јовановски, Константин Трајков и Дарио Илиќ по еден гол.

За 100% денеска се погрижи екипата на Вардар (2) која го совлада тимот на Биџо со резултат 5:3. Во еден доста возбудлив натпревар со хет-трик на  Петар Васовски, Вардар стигна до победата.

Стрелци од овој дуел: Петар Васовски (3), Благојче Седлоски и Лука Пацески по еден гол.