Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Конечна листа на стрелци сезонава, Шиле и Балотели го делат врвот

Конечна листа на стрелци сезонава, Шиле и Балотели го делат врвот

Зад нас е веќе сезоната во првата македонска фудбалска лига, црвено-црните ја одбранија титулата во првенството. Ние дојдовме до 11-тата титула државен шампион, или треттата по ред. Голема беше радоста за новиот пехар, по доделување на истиот следи пауза пред летните подготовки.

Сезоната ја завршивме со голема предност од 13 бода пред Шкендија. Во нашата мрежа завршија 24 удара со што и официјално ја имавме најдобрата одбрана во мак.шампионатот. Во нападот како шампионски тим имаме одлични 75 гола или во просек над 2 постигнати гола по меч.  Вардар очекувано го има најефикасниот напад во лигата оваа сезона. Кај листата на стрелци овие 75 гола се прилично добро распределени што е квалитет плус. На врвот се Блажевски и бразилиецот Балотели, листата на сите 15 стрелци сезонава изгледа вака:

  • Блажевски/Балотели  – 11 гола
  • Фелипе/Којашевиќ  – 9 гола
  • Берсегјан –  7 гола
  • Николов –  6 гола
  • Спировски-  4 гола
  • Глигоров – 3 гола
  • Грнчаров/Петковски – 2 гола
  • Мијушковиќ, Новак, Попов, Хоф, Велковски -1 гол