Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Тројца играчи од Вардар повикани за тренинг кампот на Македонија У19 и У21
Тројца играчи од Вардар повикани за тренинг кампот на Македонија У19 и У21

Тројца играчи од Вардар повикани за тренинг кампот на Македонија У19 и У21

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски и предводникот на селекцијата до 19 години, Шкумбин Арслани ги објавија фудбалерите на кои ќе сметаат за заедничкиот тренинг камп во Охрид за фудбалери од двете генерации. Селекциите до 19 и 21 година меѓусебно ќе одиграат два контролни натпревари. Првиот е закажан на 21. декември на стадионот „Билјанини Извори“ од 11:00 часот. Во истиот термин на 23. декември ќе се одигра вториот тест натпревар. За овие дуели повикани се тројца играчи од редовите на Вардар.

Селекторот Арслани за селекцијата до 19 години упати повик до двајца вардарови играчи. Се работи за Мартин Радуловиќ-Величковиќ и Виктор Крстевски, додека во селекцијата до 21 година која ја предводи Благоја Милевски е повикан Александар Ѓурковски.