Денес екипата на ФК Вардар го одигра и четвртиот контролен натпревар на подготовките во Анталија. Денес го имавме најсилниот противник во името на Хајдук од Сплит. Вардар е минимално поразен со резултат 0:1.
Тренерот Гоце Седлоски стартуваше со следниве 11-сетмина: На голот беше Алексоски, додека дефанзивната линија ја сочинуваа Хамбарџумјан, Грнчаров, Новак и Демири. Во средината играа Велковски,Глигоров и Фелипе, по крилните позиции Којашевиќ и Николов, додека единствен напаѓач беше Блажевски.
Во првото полувреме речиси и да немаше ниту една посериозна шанса за отварање на резултатот. Првиот обид го имаше противникот, удар кој заврши далеку од голот на Алексоски. Во наредниот период, црвено-црните имаа поголем поседн на топка, комбинираа со многу додавања, но ниту еднаш не се најдоа во поконкретна шанса да го загрозат голот на Хјадук. Првиот корнер се случи дури во 21 минута и тоа за Вардар. Во 33 минута на Вардар му беше поништен гол поради наводен офсајд, центрираше од слбоден удар Којашевиќ кој уфрли топка во противничкиот шеснаесетник на неа наиде Хамбарџумјан кој ја смести во голот, но судијата истиот го поништи. Најубавата прилика ја имаа Вардар до крајот на првиот дел, кога во 43 минута од прекин биеше Дамир Којашевиќ, но голманот на Хајдук успено интервенира. Така на полувреме се замина со почетниот резултат 0:0.
Во 58 минута од второто полувреме Вардар имаше обид но само високо над голот на Хајдук. Противникот имаше можност да го отвори резултатот во 64 минута, но нивниот обид завршува покрај голот на Алексоски. Во игра во второто полувреме блегоа Барсегјан, Глишиќ и Попов. Во 72 минута Хајдук успеа да го отвори резултатот, при прекин центаршут во нашиот простор, невнимание во нашата обрана што ја користи Франк Оханџа кој носи водство на Хајдук од 0:1. Грозданоски и Љамчевски беа новите кои влегоа во игра.Во 84 минута, Алексоски брани удар на Хајдук и не дозволува неагтива од два гола. До крајот на натпреварот без поголеми изненадувања, кон еден од двата гола. онечниот резултат е 0:1 за екипата на Хајдук.
Седлоски дефинитивно сеуште не може да ја најде победничката комбинација, ова беше трет пораз за Вардарци на подготовките во Анталија. Стеауа, Дукла Прага и сега Хајдук беа посупешни од нас, додека ремизиравме единствено во дуелот со екипата на Амкар.