Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар (1) генер. “2005“ го победи Работнички и се најде на завршниот турнир во детската лига
Вардар (1) генер. “2005“ го победи Работнички и се најде на завршниот турнир во детската лига

Вардар (1) генер. “2005“ го победи Работнички и се најде на завршниот турнир во детската лига

Екипата на Вардар (1) кај генерацијата родени “2005“ година се пласираше на завршниот турнир во детската лига, откако утрово ја поминаа и последната елиминациска пречка, совладувајќи го градскиот ривал, тимот на Работнички.

Првите пет минути од натпреварот му припадна на противникот кој имаше неколку директни удари по нашиот гол. Два од нив завршија над голот, додек во два наврати успешно одбрани нашиот голман, Илија Апостоловски. Во продолжение од мечот гледавме подобра игра на Вардарци кои како да се ослободија од почетниот притисок, па почнаа да го напѓаат голот на Работнички. Првиот директен удар кај нас го упати Тино Спасиќ, но одбрани голманот на противникот, за потоа да се обиде и Фидановски, кој од голема далечина бие над голот.

1 4

Добра прилика имавме преку Никола Величковски кој се најде во прилика да го отвори резултатот, но голманот на Работнички беше побрз, па спречи негатива за својот тим. Откако противникот направи три корни, судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор на казнениот удар беше Матеј Гаштаров, кој погоди за водство од 1:0. Гледавме цврст натпревар, немаше некои големи шанси и на двете страни, се играше доста претпазливо, со оглед дека пораз за една од екипите ќе значеше и елиминација. Во првите 30 минути за одбележување е ударот и на Фидановски од прекин, кој бие но чуварот на мрежата на Работнички успешно одбрани. На краток одмор се замина со минимално водство на Вардар од 1:0.

2
И во вториот дел се играше борбено, натпревар кој изобилуваше со цврста игра и не многу шанси по двата гола. Првиот директен удар го имаше противникот, кога еден од нивните играчи биеше покрај голот. Врати за брзо и Јовановски, кој шутира над голот. Имавме добра прилика да го зголемиме резултатот, кога во шанса се најде Никола Величковски, кој најпрво бие во голманот, за одбиената топка повторно да стигне до него, овој пат бие над голот. Што се однесува до шансите бевме многу поконкретни од противникот, кој чекаше на контра-напад да не изненади, но успешно беа затворени сите приоди кон нашиот гол, а денес перфектно во последната линија одигра Симеон Здравковски, кој не дозволи чисти ситуации за Работнички. Кај Вардар обид имаше и Лефковски, чиј удар го одбрани голманот. Падна и вториот гол на дуелот, повторно во противничката мрежа и од истата позиција. Откако Работнички направи три корни, тоа значеше нов пенал за црвено-црните.

3

Повторно одговорноста ја превзема Матеј Гаштаров, чиј удар од прва го одбрани голманот, но за среќа одбиената топка повторно стигна до Гаштаров, на кој не му беше тешко а ја погоди мрежата, тоа значеше и водство од 2:0. Во последните десет минути од мечот не видовме посериозна шанса за гол, Вардар се обиде за нов погодок преку Јовановски и Величковски, но немаше промена на резултатот.

Со вчерашниот тримф против Шкупи и денес против Работнички, оваа генерација на Вардар која е предводена од искусниот Ане Андовски се најде на завршниот турнир во детската лига, на кој ќе се приклучат и екипите од другите региони кои се дел од ова натпреварување.