Репрезентацијата на Македонија до 21 година ги продолжува квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 година.
На 11. октомври на тренинг центарот „Петар Милошевски” гостува Украина. Пет дена подоцна на Националната арена “Тодор Проески” го пречекуваме топ фаворитот во групата, селекција на Франција.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драги Канатларовски за овие два натпревари повика и еден играч од ФК Вардар. Се работи за одличниот Иван Николов, кој оваа сезона блеска во ,,црвено – црниот” дрес и заслужено доби нов повик за настапи.