Новото потенцијално засилување за нашиот фудбалски шампион, Фредерик Нимани во текот на вчерашниот ден го одработи првиот тренинг во Фк Вардар. Се очекува овој црномурест напаѓач, денес да го има своето деби за црвено-црните, на првиот контролен натпревар против екипата на Волфсбергер. Уште еден играч кој замина со екипата на подготовки е Христијан Денковски, за кој во текот на наредните 20 дена во Анталија ќе биде познато дали ќе биде дел од тимот во пролетниот дел од сезоната. Според информациите до кои дојдовме, шефот на стручниот штаб Госе Седлоски е задоволен од досега одбработеното на овој млад играч, сепак натпреварите на кои ќе настапи Денковски ќе бидат пресудни за неговиот понатамошен статус во тимот.
Како што е веќе познато Ерменскиот репрезентативец Артак Дашјан се врати во Скопје, поради повреда на ахиловата тетива и дополнително че се констатира дали ќе одработи барем мал дел од подготовките во Анталија. Денес на програмата е првиот контролен меч против тимот на Волфсбергер, со почеток од 14 часот и 30 минути.