Оваа година повторно имате можност да гласате за најдобрите во Македонскиот фудбал. Во изборот за најдобар Македонски играч за натпреварувачката сезона 2015/16 конкурираат тројца од кои двајца се од редовите на нашиот фудбалски шампион. Капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров и Стефан Спировски, како и Бесарт Ибраими ќе се борат за оваа престижна награда која се доделува секоја година.
Тренерот на помладите пионери на ФК Вардар, Сашо Тодоровски се најде во изборот за најдобар тренер во младинските категории. Популарниот Рап-Тап минатата сезона ја освои двојната круна во конкуренција на пионери и очекувано се најде во оваа категорија на гласање. За уште еден наш играч ќе имате можност да гласате и тоа во конкуренција за најдобар млад фудбалер. Се работи за капитенот на младинскиот состав Есмин Личина, кој има настапи и за првиот тим на ФК Вардар, како и стандарден репрезентативец на Македонија до 19 години.
Да им помогнеме на Вардарци со своите гласови да стигнат до првото место во својата категорија. Гласањето се затвара на 5-ти декември, додека манифестацијата за прогласувањето на најдобрите ќе се изврши на 16-ти декември. За нашите момци можете својот глас да го дадете на следниот ЛИНК.