Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мирчевски пред потпис со ФК Вардар
Мирчевски пред потпис со ФК Вардар

Мирчевски пред потпис со ФК Вардар

ФК Вардар не запира со новите имиња. Покрај бразилскиот фудбалер Чарлестон Силва Дос Сантос, пред потпис на договор е уште еден нов играч. Се работи за младиот Мартин Мирчевски кој е член на Беласица.

Мирчевски минатата сезона беше најдобар играч во својата екипа но и во втората лига, постигнувајќи 14 погодоци на исто толку натпревари. Мирчевски оваа сезона запиша и три првенствени натпревари за тимот од Струмица. Во својата кариера овој играч ги бранеше боите и на Пелистер и косовска Трепча.

Доколку дојде до овој трансфер, а е многу блиску до реализација, Александар Васоски ќе добие големо засилување во офанзивата на својот тим.

Да потсетиме дека Вардар ќе биде засилен и со Петровиќ и Игески, а на проба во тимот е младиот Марко Мартинага.