Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Тигран Барсегјан за посилен Вардар
Тигран Барсегјан за посилен Вардар

Тигран Барсегјан за посилен Вардар

Тигран Барсегјан само прашање на време е кога ќе потпише договор со ”црвено – црните”.  Во квалитетот на Барсегјан се уверивме уште на првиот натпревар одигран за нашиот тим. Што се вели, Барсегјан само што пристигна во базата на Вардар во Хрватска ги облече копачките, влезе во игра во вториот дел, и покажа дека се работи за екстра квалитетен играч кој може многу да помогне на дуелите против Динамо Загреб но и на натпреварите од домашниот шампионат во одбраната на титулата.

tigran-barsegjan-vardar-vardafans

На натпреварот против Јагелонија во 85 минута од натпреварот Тигран  одзеде една топка од еден одбрамбен играч на полскиот тим, излезе очи во очи со полскиот голман, и во стилот на еден врвен голгетер постигна ефектен гол со полу лоб удар. Инаку Барсегјан важи за еден многу брз играч, кој може да игра на повеќе позиции во тимот: и како играч од средниот ред, но и по крилните позиции. Останува да сочекаме официјална потврда од ФК Вардар во брзо време.