Кризата продолжува. Вардар запиша уште еден пораз, овој пат на домашен терен подобар од Вардар беше градскиот ривал Работнички со резултат 0:1 (0:0). Со овој пораз, Вардар дополнително се одалечи од првото место на табелата.
.
Првиот дел не донесе поголеми возбудувања, истиот заврши со почетните 0:0. До средината на полувремето не видовме ниту еден удар кон головите на Гачевски и Божиновски. Вардарци потоа имаа само две шанси. Во 24.минута бразилецот Јуфо се обиде но само крај голот на “романтичарите“. Најголемата шанса ја видовме во 37.минута кога одкосо силно биеше под гредата Владица Брдаровски, но со крајни напори голманот на ривалот успеа да одбрани. До крајот на дуелот двата тима се задржаа претежно на средината од теренот, се играше со доста прекршоци и чести прекини. Гостите не успеаа во првиот ден ниту еднаш да се заканат кон нашиот гол.
.
Во вториот дел, по само единаесет минути игра, Работнички дојде до неочекувано водство од 0:1. Бопесу убаво нафрли од десната страна, топката не успеа да ја расчисти Брдаровски, стигна до Пеев кој од само неколку метри не му беше тешко да го совлада Гачевски за предност на противникот. Одма потоа се изврши и првата замена во Вардар, излезе и денеска слабиот Цветаноски, а на негово место во игра влезе Ибиши. Се играше 64. минута, а Работнички имаше уште една добра шанса да постигне гол, Херера шутираше од 15-сетина метри за малку крај голот на нашиот голман. Не одеше во Вардар, па во 74. минута во игра влезе и Попзлатанов на местото на Тодороски. Во 80. минута излезе и Јуфо за да влезе Тошевски. Безидејната игра на “црвено – црните” продолжи и во финишот од натпреварот. До крајот Вардар не успеа да постигне гол, па така запиша нов пораз во ПМФЛ.