Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар го наполнија голот на Брегалница и стигнаа до вториот пролетен триумф
Младинците на ФК Вардар го наполнија голот на Брегалница и стигнаа до вториот пролетен триумф

Младинците на ФК Вардар го наполнија голот на Брегалница и стигнаа до вториот пролетен триумф

Младинците на ФК Вардар ја запишаа и втората пролетна победа, откако на теренот на Академијата ги победија врсниците од екипата на Брегалница. Црвено-црните славеа убедливо со резултат 9:0.

Тренерот Тодоровски стартуваше со следните 11-сетмина: Андов, Стојчески, Младеновски, Пешевски, Тасев, Наумчески, Ѓорѓиески, Божиноски, Мустафа, Радевски, Велковски

Вардар во првото полувреме имаше предност од 1:0, иако немаше да биде незаслужено, ако Брегалница примеше уште најмалку четири погодоци во својата мрежа. Првата прилика ја имаше Радевски, кој на нафрлена топка од Стојчески, биеше со глава, но одбрани голманот на Брегалница. Мустафа Јусу беше следниот играч во нашите редови кој се најде во шанса, после одбиена топка која се врати до него, шутираше, но повторно противничкиот голман не дозволи негатива за својот тим. Противничкиот тим се бранеше со сите играчи и немаше ниту една посериозна прилика да го загрози нашиот гол, а првиот директен удар го имаа во 35 минута, кога шутираа над гол. Кај Вардар, се обиде и Ѓорѓиески, но без реализација. Нова добра прилика за Јусуф Мустафа, кој на нафрлена топка од Тасев, не успева да погоди, односно голманот е на своето место. Нов зицер на Вардар, откако во прилика се најде Велковски, но повторно брани голманот на штипјани. Конечно успеваме да го пронајдеме патот кон мрежата, а тоа му успева токму на Давид Велковски, кој погоди зза предност од 1:0. Последниот удар во вториот дел го имаше Мустафа, но голманот на Брегалница брани.

Се она што пропушти Вардар во првиот, го реализираше во второто полувреме. Божиноски беше играчот кој прв се закани, но шутираше над голот, а потоа и Мустафа кој со глава бие покрај гол, откако претходно во противничкиот шеснаесетник нафрли Божиноски. Пред да го постигнеме вториот гол ја погодивме и пречката, но не можеше вечно да се брани екипата на Брегалница. Александар Ѓорѓиески беше вториот играч кај Вардар кој постигна гол и тоа со глава за предност од 2:0 и од тука започна голеадата, односно за три минути избраниците на Рап-Тап постигнаа исто толку голови. Вардар го зголеми резултатот на 3:0 со голот на Божиноски Антонио, откако доби добра топка од Велковски. На четвртиот гол не се чекаше многу време, само минута подоцна, со својот втор гол денес, Ѓорѓиески зголеми на 4:0 и тука беше крајот за гостите од Штип. Конечно денес среќата го посака Јусуф Мустафа кој постигна гол и зголеми на 5:0. Следеше период од две минути кога постигнуваме два нови голови. Најпрво на 6:0 зголеми Александар Ѓорѓиески, за кој ова беше хет-трик, додека прв гол денес постигна и нововлезениот Мартин-Радуловиќ-Величковиќ, за предност од 7:0. Последните два гола на натпреварот беа дело на исто така играч од клупата, се работи за Азер Омерагиќ, кој ги постави конечните 9:0 на овој меч од младинската супер лига.

Ова беше вкупно 13.победа сезонава за младинскиот состав на Вардар.