Уште точно четири дена остануваат до најголемото фудбалско дерби на Македонија. Вардарци на големо се подготвуваат за првата пролетна пресметка, а новиот нивни тренер, Никола Илиевски – Џиџи со својот стручен тим ја ,,крои” и тактиката.
Според она што го дознаваме, Џиџи ја менува формацијата на Вардар од 3-5-2 во 4-4-2, па така тимот се враќа со четири играчи во последната линија пред голот на Илиќ. Оваа формација Џиџи ја практикува скоро секогаш кога е предводник, па така ќе биде и овој пат во Вардар.
Останува да видиме како ќе одговорат Вардарци на оваа нова формација. Се очекува Најденов и Реџепи да бидат главните креатори во играта, а по страничните позиции да делуваат Мирчевски и Лазаревиќ, пред најистурените Блажевски и Петковски. Четворката позади треба да ја сочинуваат младите играчи на чело со Велкоски.