Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија се одигра ново коло во детската фудбалска лига. Свој натпревар одигра и Вардаровата генерација родени “2004“ година и тоа само со едната екипа.
Вардар(2) за противник ја имаше екипата на Њујорк и ја доби со убедлив резултат од 25:0. Самиот резултат говори за одразот на силите на овој меч. Противникот не успеа да упати ниту еден директен удар кон нашиот гол. Во првите пет минути од мечот имавме веќе водство од 3:0. Горазд Попов ја отвори серијата на погодоци на овој дуел и постигна гол за водство од 1:0. Ова момче беше доста активно на самиот старт, веќе во следната минута се најде во нова шанса, додека истиот асистираше до Георг Стојановски кој ја затресува противничката мрежа за водство од 2:0. Нов погодок зад името на Горазд Попов, него му асистира Софијаноски, овој погодува за 3:0. Горазд набргу стигнува до хет-трик и го зголемува резултатот на 4:0. Следен кој се најде во шанса беше Георг Стојановски кој шутираше над голот на Њујорк. Сепак не греши од нов обид и со глава постигнува гол за предност од 5:0. Нова голеада за Георг Стојановски и хет трик и зад неговото име до овој момент од мечот, за водство од 6:0. Продолжи офанзивата кон противничкиот гол, што резултираше со нови голови. Марко Софијаноски упати удар, одбрани голманот а топката завршува во трета корна. Од пенал сигурен реализатор е Димитар Стоимов за водство од 7:0. Се обиде и нововлезениот Сурлов, голманот на Њујорк го брани неговиот удар. Прв гол на овој меч и за одличниот Марко Софијаноски кој зголемува на 8:0. Стојановски имаше нова голема прилика, покрај голот само. Веќе во следната акција Георг погодува за 9:0. Во листата на стрелци повторно се запишува Софијаноски за веќе двоцифрени 10:0. До крајот на првиот дел уште еден гол за на одмор да се замине со резултат 11:0. Стрелец на голот е Никола Анчевски кој упати силен удар небранет за голманот на Њујорк.
Второто полувреме со гол го отвора Георг Стојановски за предност од 12:0, кој бие силно во горниот агол. Во следната акција Горазд Попов ја погоди пречката. Нов гол за Стојановски за резултат веќе од 13:0. Можевме набрзина да зголемиме но Љушев ја погоди пречката од противничкиот гол. За 14:о гол постигна Георг Стојановски. Вистински евро гол на Димитар Стоимов кој ја тресе мрежата за водство од 15:0. Стојановски одигра неверојатен меч и повоторно се запишува во листата на стрелци за водство од 16:0. Нов погодок за Димитар Стоимов за предност од 17:0. Во листата на стрелци успева да се запише и Марио Сурлов и тоа со удар од белата точка за водство од 18:0. До крајот на мечот уште седум погодоци во противничката мрежа и тоа редоследно стрелци на головите беа Марко Софијаноски, Горазд Попов, Марко Софијаноски, Димитар Стоимов, Горазд Попов, Георг Стојановски и Марио Сурлов. Конечни 25:0 на овој натпревар и задржување на максималниот број на освоени бодови во детската лига.