Трета победа од исто толку одиграни натпревари за најмладата генерација на ФК Вардар, која се наоѓа на турнирот во Сандански. Утрово нашите млади надежи, кои се родени “2008“ година забележаа уште една убедлива победа, совладувајќи ја екипата на Хасково.
Уште по првото полувреме го најавивме триумфот, кога имавме предност од 3:0. Во вториот дел со уште еден погодок во противничката мрежа ја потврдивме победата на овој меч. Ненад Дамјаноски успеа да постигне два гола, додека по еден гол беа дело на Стефан Бранковски и Коста Бошковски. За одбележување е и стативата која ја погоди Арти Азизи, кој немаше среќа во оваа акција да го затресе голот на Хасково.
Само да потсетиме дека во текот на вчерашниот ден, избраниците на Неделковски остварија две победи, над екипите на ЦСКА Софија (5:1) и против Витоша (10:1).