Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (ФОТО)“Срушен“ и Локомотив Пловдив, ФК Вардар генер. “2005“ со добра игра и нова победа против Бугарска екипа
(ФОТО)“Срушен“ и Локомотив Пловдив, ФК Вардар генер. “2005“ со добра игра и нова победа против Бугарска екипа

(ФОТО)“Срушен“ и Локомотив Пловдив, ФК Вардар генер. “2005“ со добра игра и нова победа против Бугарска екипа

Нова победа за Вардаровата генерација родени “2005“ на турнирот во Сандански “Балканика куп“. Утрово избраниците на Игор Кралевски забележаа уште една голема победа и повторно против силна екипа од Бугарија. Црвено-црните за противник во третото коло од групната фаза ја имаа екипата на Локомотив Пловдив. Во еден квалитетен натпревар нашите млади надежи славеа со резултат 2:0.

vardarfans

Се играат две полувремиња по 25 минути. По првиот дел резултатот беше оној почетниот 0:0, иако нашите младе надежи имаа шанси и во овој дел од мечот да го отворат резултатот. Сепак во второто полувреме офанзивната игра на Вардарци вроди со плод. Резултатот беше отворен кога погоди Симеон Здравковски за водство од 1:0. До крајот на мечот постојано притискавме на половината на Пловдив, иако имавме водство минимално тоа не не залажуваше па избраниците на Кралевски беа во потрага по нов гол. Тоа му успева на одличниот на овој турнир Матеј Гаштаров кој ја тресе противничката мрежа за зголемување на 2:0. Со овој резултат и заврши натпреварот.

vardarfans-radost

Во очекување на останатите резултати од другите групи, по што ќе биде познато дали Вардар ќе игра во полуфиналето. Како и да е ние своето го одработивме. Во група бевме со три силни екипи од Бугарија, забележавме две победи и имавме еден минимален пораз од минатогодишниот освојувач на турнирот. Резултатите и играта се задоволителни за нашата генерација, која ветува успеси и во наредниот период под водство на Игор Кралевски.

vardarfans-fk-gener-2005